HomeДЕНЕШНАСветЗаврши првиот круг гласање во ОН. Колку гласа доби македонскиот претставник?

Заврши првиот круг гласање во ОН. Колку гласа доби македонскиот претставник?

Португалецот Антониот Гутерез, 67 години, доби најмногу позитивни гласови во првото гласање за нов генерален секретар на Обединетите Нации (ОН). Ова тајно гласање беше организирано во Советот за безбедност. Секој од 15-те амбасадори на Советот требаше да го оцени секој кандидатите со една од трите забелешки “охрабрува”, “обесхрабрува” и “без оценка”.

Гутерез, кој беше премиер на Португалија од 1995 до 2002 година а потоа Висок комесар за бегалци во ОН до 2015 година, остави одличен впечаток и доби дванаесет “охрабрува” и три “без оценка”. По него следи поранешниот словенечки претседател Данило Турк со 11 “охрабрува” но две земји го прогласија за “обесхрабрување”.

Според дипломатите во ОН, другите најсериозни кандидати биле разочарување, јавува агенцијата АФП – пренесува НОватв.мк. Помеѓу разочарувањата се Срѓан Керим, Бугарката Ирина Бокова, актуелен генерален секретар на УНЕСКО и српскиот кандидат Вук Јеремиќ кои добија само девет “охрабрувачки” оценки.

Зад нив се наоѓаат Словакот Мирослав Лајчак и шефицата на аргентинската дипломатија Сусана Малкора и на дното се Црногорецот Игор Лукшиќ, Молдавката Наталиа Герман, Кристиана Фигерез од Костарика и Весна Пусиќ, хрватската министерка за надворешни работи.

По овој прв круг, ново гласање ќе има другата недела. Според дипломатите, резултатот на денешното гласање е појасен отколку што се очекуваше бидејќи неколку кандидати избиваат на чело додека други остануваат на дното.

Треба исто така да знае дека пет членки на Советот за безбедност, САД, Обединетото кралство, Кина, Франција и Русија) имаат право на вето дури и за најдобро пласираниот кандидат. Финалниот избор ќе биде проследен до Генералното собрание на ОН во септември или октомври.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com