HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, семејствата пристигнаа во Скопје

Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, семејствата пристигнаа во Скопје

Институтот за судска медицина ја заврши обдукцијата на шесте лица кои загинаа во авионската несреќа кај село Кожле. Според извештајот, смртта настапила веднаш, а ниту еден од загинатите немал изгореници по телото. Денеска пристигнаа и семејствата за загинатите кои оставија своја ДНК за да се направи идентификација на лицата. Јавното обвинителство ги собрало сите остатоци од авионот, но се уште е рано да се зборува за причините за несреќата.

Во продолжение, вака изгледаше патот низ кои екипите мораа да поминат за да стигнат до местото на несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com