HomeАНТИСТРЕСШтосноЗавршил во центар за бегалци поради погрешен формулар!

Завршил во центар за бегалци поради погрешен формулар!

Кинески турист поминал седум дена во центар за бегалци откако му бил украден новчаникот на пат околу Европа. Збрката ја „предизвикал“ погрешен формулар кога човекот сакал да ја пријави кражбата. Крадците му го украле новчаникот на 31-годишниот Кинез додека го разгледувал Хајделберг, универзитетскиот град на југозапад од Германија.

Туристот, кој го шетал Стариот Континент, одлучил случајот да го пријави во локалната полиција. Меѓутоа, неговото сиромашно познавање на германскиот јазик го одвело во градското собрание наместо во полицијата. Од истата причина се нашол пред градските службеници кои биле убедени дека младиот Кинез бара азил. Младиот човек ги пополнил сите формулари без да се побуни ниту кога му го одземале пасошот и му дале бегалски документи.

Туристот од Пекинг потоа бил однесен во центар за азиланти, оддалечен речиси 400 километри!

Izbeglicki-centar-f1

Таму му биле одземени и отпечатоци од прстите, го прегледал доктор и му биле дадени пари. За да објасни дека е на погрешно место на Кинезот му биле потребни седум дена. На еден член на Црвениот крст му било необично што тој се наоѓал во овој центар, најмногу поради однесувањето и квалитетната и чиста облека.

Користејќи ја апликацијата за превод на говорот успеал да се разбере со Кинезот и да дознае дека станува збор за турист кој само сака да ги разгледа убавините на Франција и Италија, а не да добие азил. После тоа за неколку дека откако случајот бил разрешен, Кинезот се вратил на своето патување околу Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com