HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗавршено, Клоп доведе замена за Шкртел, следен е Холанѓанец!

Завршено, Клоп доведе замена за Шкртел, следен е Холанѓанец!

Ливерпул не запира, договорен е трансферот на централен дефанзивец, а сега на ред е офанзивен везен фудбалер! Рагнар Калван доколку ги помине медицинските прегледи ќе биде нов фудбалер на Ливерпул. Естонецот е искусен дефанзивец, со големо искуство до Бундеслигата.

Тој со години е најдобар играч во својата земја, а ја добива најголемата шанса во кариерата, ќе биде замена за Шкртел на кој и потсетува со својата игра. За потсетување, Словакот потпиша за Фенербахче. Ливерпул ќе им исплати нешто повеќе од 5 милиони евра на Баварците за овој дефанзивец, а со тоа реконструкцијата на одбраната не е завршена. Поради заминувањето на Коло Туре се чека доаѓање на уште еден дефанзивец, се шпекулира дека тоа би можело да биде Жереми Матје од Барселона, но тоа не е лесна мета.

Пред тоа, „Црвените“ би сакале да го засилат и везниот ред. Се откажаа од Жиелински, па сега нова мета е Вајналдум. Холанѓанецот со Њукасл испадна од лигата, не сака да игра во Чемпионшип, но Бенитез инсистира да остане во клубот. Сепак, во Ливерпул веруваат дека вољата на играчот ќе биде пресудна. Клоп смета дека на „Енфилд“, Вајналдум повторно би можел да се врати во вистинската форма во кога играше во ПСВ пред две сезони.

download

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com