HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗавршена е идентификацијата на загинатите во авионската несреќа кај Кожле, истрагата продолжува

Завршена е идентификацијата на загинатите во авионската несреќа кај Кожле, истрагата продолжува

Завршена е идентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа. Од Институтот за судска медицина потврдија дека роднините на загинатите се во институтот и дека по земените примероци направена е ДНК анализа по што е потврден и идентитетот на загинатите. Во процедура е подготовка на транспортот на телата на 5-те италијански државјани, а Висар Бегај ќе биде транспортиран во Косово. Истрагата за несреќата продолжува со анализи од собраните докази од терен и документација, за да се утврди причината за несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com