HomeДЕНЕШНАРепубликаЗабрането капење на 4 плажи на Дојранско езеро

Забрането капење на 4 плажи на Дојранско езеро

Четири плажи на Дојранското езеро се забранети за капење. Според информациите на zdravstvo24.mk вакво решение донел Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје Велес покажале дека водата во езерото на 4 мерни места е загадена. Бактериолошката и хемиската неисправност била од 3 степен.

„Тоа се мерните месра Градска плажа, Крвен Крст, Златен брег и Калдрма. Информнирани се и градоначалникот и комуналното претпријатие кое стопанисува со езерото да постават табли за забрана за капење“, изјавила за zdravstvo24.mk д-р Вера Менковска, инспектор во ДСЗИ.

Од ДСЗИ велат дека доколку надлежните преземат соодветни мерки за подобрување на квалитетот на водата во езерото забраната ќе биде тргната веднаш.
„Ако анализите покажат подобри резултати забраната ќе биде тргната“, додава д-р Менковска.

Исто така и годинава Треска и Вардар се строго забранети за капење. Таму водата е од 4 и 5 степен бактериолошки загадена. Од друга страна водата е чиста и безбедна во Охридското и Преспанското езеро.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com