HomeДЕНЕШНАПолитикаЗабрана за профитерство од непогодите, да се вратат цените на важните производи

Забрана за профитерство од непогодите, да се вратат цените на важните производи

Владата на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година, односно пред поплавата која оштети илјадници домови и однесени 20 човечки жртви.

Цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, мора да се вратат на нивото пред поплавите.

„Имено, користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи“, се вели во соопштението од Министерството за економија.

Оваа одлука се носи поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по поплавите во скопскиот и тетовскиот регион и зголемената употреба на производите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com