HomeДЕНЕШНАПолитикаЖуѓич прашува зошто нема гумени куршуми за анти македонските демонстранти

Жуѓич прашува зошто нема гумени куршуми за анти македонските демонстранти

Јелена Жугиќ, актерка и директорка на Театар Комедија прашува зошто полицијата не превзема соодветни мерки за одбрана на јавните добра мислејќи на спомениците и државните згради кои беа обоени од демонстрантите барајќи и можна употреба на гумени куршуми кои според неа законски се изгласани во Собранието, а исто така не гледа никаква фама бидејќи истите се употребуваат насекаде за растерување на толпа која демонстрира.

jelena zugik

„Во секое демократско општество полицијата превзема разни мерки со закон регулирани за разбивање на толпи демонстранти кои своето не задоволство го искажуваат со рушење на јавниот ред и мир,со демолирање на јавните општествени добра! Употребува водени топови, гумени куршуми…приведува, а судот казнува парично или со мерка притвор/затвор итн.“ вели во најновиот статус на Facebook, обвинувајќи ги соросовите антимакедонски демонстранти.

Нејзините скандалозни изјави за употреба на гумени куршуми врз демонстрантите кои освен што фрлаат со боја протестираат мирно и не прават никакви инциденти се критикувани на социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com