HomeФЕР ПЛЕЈРакометЖРК Вардар загубија во Норвешка, но по трет пат ќе играат на фајнал фор

ЖРК Вардар загубија во Норвешка, но по трет пат ќе играат на фајнал фор

 

Минатиот викенд Вардарки убедливо ги победија „Ларвик“ со разлика од 14 гола на натпреварот кој се одигра во „Јане Сандански“, но денеска тие не се покажаа баш најдобро. „Црвено црните“ загубија од „Ларвик“ во Норвешка два разлика, поточно резултатот беше 28:26. Сепак нашиот првак си го завери пласманот на третиот последователен фајнал-фор турнир во Лигата на шампионите.

Стартот беше доста бавен 4:1 во негатива за ЖРК Вардар, но „црвено црните“ заиграа доста поангажирано и сериозно ја сфатија работата, па до крајот на полувремето стигнаа до позитива која беше добра препорака за опуштање во второто полувреме.

Второто полувреме почна во полза повторно на „Ларвик“ и така остана до самата завршница. Вардарки беа недоволно спремни во одбраната а тоа беше главната точка за победа или пораз.

Стрелци на натпреварот од Вардарки беа Радичевиќ со 7 постигнати гола, постоа Пенезиќ и Лазовиќ кои постигнаа по 5 голови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com