HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖител на Лопате прободен со нож во сопствениот двор

Жител на Лопате прободен со нож во сопствениот двор

Д.Ф. 34 годишен жител на кумановското село Лопате бил нападнат од негов сосед и прободен со нож. Вчера околу 13 часот Д.Ф. пријавил дека седел во сопствениот двор со семејството и роднините, кога дошол Ќ.Д. (околу 50 години) исто така од село Лопате и без повод и причина започнал да вика и да ги навредува.

Истиот го нападнал Д.Ф. со нож нанесувајќи му видлива повреда во пределот на стомакот по што избегал од местотот на настанот.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово. Во 13.10 часот Ќ.Д. бил приведен во полициската станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com