HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите на Нерези со нов пат до Средно Водно

Жителите на Нерези со нов пат до Средно Водно

14 милиони денари ќе бидат инвестирани во реконструкцијата на патот од Средно Водно до село Нерези во должина од 4,5 километри. Почетокот на градежните работи денеска го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорите на јавните претпријатија за патишта Александар Стојанов и Гајур Кадриу.

nerezi-pat-nov

– Започнавме со уште еден проект по барање на жителите од Скопје. Се работи за реконструкција на регионалниот пат од Средно Водно кој води до Нерези во должина од 4,5 километри. Со реконструкцијата ќе се постави целосно нов асфалт или планираме да вградиме околу 100 тони асфалт. Вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари. Очекуваме патот да биде завршен во рок од триесетина дена, изјави министерот Мисајловски.

Патот по обилните врнежи е во лоша состојба иако сега е прооден, но жителите и патниците кои минуваат низ оваа делница треба многу да внимава бидејќи има многу дупки и на места мали одрони од земја и песок. Предвидено е да се поврзе и целосно патот до Сончев град преку Сопиште што е главна грижа на еколошките здруженија бидејќи Водно се претвори во една активна градежна зона и се уништуваат белите дробови на градот со претераната урбанизација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com