HomeДЕНЕШНАСкопјеЖителите на Карпош не го даваат паркот – повторно излегоа на протест

Жителите на Карпош не го даваат паркот – повторно излегоа на протест

Граѓаните од улица „Варшавска” Карпош денеска повторно протестираат по најавата дека градоначалникот Јакимовски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ сака да уништи уште една зелена површина, парк, со цел изградба на зграда. Протестираат жители од околните згради и куќи, млади чие детство поминало во паркот на улица „Варшавска”.

Деталниот урбанистички план предвидува на оваа локација да никне зграда со приземје, четири ката и поткровје. И од општината Карпош и од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, кое треба да биде инвеститор на објектот, тврдат дека се испочитувани сите процедури, а маркицата за местото постои од 2003 година. Најавија дека ако е потребно зградата ќе се гради и со полициска асистенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com