HomeДЕНЕШНАЕкономијаЖирито на наградата за социјално претприемништво ќе се сретне со апликантите

Жирито на наградата за социјално претприемништво ќе се сретне со апликантите


Сите млади претприемачи оваа среда ќе имаат можност да се запознаат со членовите од жирито на Наградата за социјално претприемништво Македонија, како и да разговараат со нив за идеите за социјален бизнис. Настанот ќе се одржи од 12:00 до 14:30 часот, во HUB Skopje.

Инаку конкурсот за „Наградата за социјално претприемништво за 2016 година“, кој по втор пат ќе се организира во земјава, е отворен до 27. Најдобрите десет идеи ќе добијат бесплатно менторство и процес на инкубација. Најдобрите три решенија пак ќе бидат наградени со парични награди во висина од 3000, 2000 и 1000 евра.

Покрај паричните ќе биде доделена и една дополнителна награда од заедницата за тимот кој ќе добие дополнителна поддршка во развивање на идејата.Четирите најдобри тимови ќе добијат и бесплатно патување во Виена.

Целта на програмата е зголемување на интересот меѓу младите во областа на социјално претприемништво, но и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера.

„Наградата за социјално претприемништво“ се доделува во 12 европски земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

Извор: radiomof.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com