HomeДЕНЕШНАЖивко Мукаетов одликуван во витез на Данското знаме

Живко Мукаетов одликуван во витез на Данското знаме

Живко Мукаетов, генерален конзул на Кралството Данска во Македонија беше одликуван во Витез на данското знаме.Престижниот орден кој Мукаетов го доби е признание за неговиот исклучителен придонес во претставувањето на интересите на Кралството Данска во Македонија и промовирање на соработката помеѓу двете земји.

Пригодната церемонија на примопредавање на орденот се одржа во резиденцијата на Кралството Данска во Виена, а одликувањето го изврши Амбасадорката на Кралството Данска во Виена и нерезидентен амбасадор за Македонија, Лиселоте Плеснер.

Особено задоволство ми е што во име на нејзиното височество, Кралицата Маргарете II можам да го доделам одликувањето „Витез на Данското знаме“ на Живко Мукаетов, како признание за неговата ценета служба како Генерален конзул на Кралството Данска, рече Плеснер, соопшти прес-службата на „Алкалоид“, каде Мукаетов ја извршува функцијата генерален директор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com