HomeАНТИСТРЕСШтосноЖивеат во пештера и во 21 век!

Живеат во пештера и во 21 век!

Селото Џонгдонг во провинцијата Гуејџоу во Кина станало познато ширум светот бидејќи е населено во текот на целата година, а се наоѓа во внатрешноста на природна пештера во која живеат околу 100 жители. На 1.800 метри надморска височина, до оваа пештера можете да дојдете после еден час пешачење, а токму поради непристапноста до оваа пештера жителите својот опстанок мораат да го бараат внатре.

За целата работа да биде уште полоша, владата во Кина истакнала дека „Кина не е земја на пештерските луѓе“ и ја затворила селското училиште кое започнало да работи во 2011 година.

pestera 2

Децата сега се принудени да пешачат и до два часа секое утро и навечер за да посетуваат настава во друго училиште. Кога е забавата во прашање, тука нема проблеми за младите, бидејќи во пештерата постои дури и кошаркарски терен.

pestera 3

Со цел подобрување на животниот стандард за жителите на селото Џонгдонг, постарите луѓе се обиделе да лобираат кај локалната самоуправа да им изгради пат кој би ја поврзал пештерата со постоечката инфраструктура.

pestera 4

Жителите многу ретко имаат пристап до телевизија или весници и се додека биде така, ова село и понатаму ќе биде исклучено од надворешниот свет.

pestera 5

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com