HomeДЕНЕШНАПолитикаЖестока расправа за алоцирањето на буџетски средства во кризни периоди

Жестока расправа за алоцирањето на буџетски средства во кризни периоди

Собраниската расправа на комисијата за буџет заврши со тоа што предлогот за измена на законот е прифатен и тој ќе биде ставен на дневен ред пред пратениците во понатамошна процедура за изгласување. Заменик министерот Гзим Беадини како претставник на власта речиси и да не го бранеше предлогот и освен воведните зборови не влезе во дебата.

Опозицијата жестоко се спротистави на предложените промени со кои власта ќе може да одвои 5% од државните институции во време на кризи и притоа нема потреба да добие согласност од Собранието ниту пак да има јавна расправа.

14111600_10208271162231540_552237300_n

Со овој предлог се уништува демократијата бидејќи Владата му ги одзема надлежностите на Собранието како највисок орган во македонскиот политички систем.

Што се однесува до измените на законот тие нема да важат за актуелната криза со настраданите од поплавените региони, туку ќе се применуваат во наредни кризни состојби за брзо повлекување на државни средства.

14081072_10208271161391519_1290214083_n

Пратениците на опозицијата критикуваа дека треба да се донесат закони кои ќе спречат катастрофи со подобрување на инфраструктурата и плановите за заштита и спасување, а не да се мисли како да се потрошат државни пари без никаков надзор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com