HomeДЕНЕШНАСкопјеЖерновски најави ревизија на сите спорни градби на Водно

Жерновски најави ревизија на сите спорни градби на Водно

Центарскиот градоначалник Жерновски на средба со граѓаните им вети дека ќе биде спроведена ревизија на сите градежни објекти на Водно од страна на инвеститорот Вељко Хршум.

– Нема да дозволам никој да биде над законот и да се однесува како што сака. Затоа денеска потпишав налог за ревизија за сите предмети во општина Центар кои се поврзани со Вељко Хршум, истакна Жерновски.

Граѓаните побарале да се стави крај на самоволието и како што тие тврдат, незаконското градење од Хршум. Ревизијата, рече Жерновски, ќе покаже дали се легализирале дивоградби и дали се издавани незаконски дозволи за градба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com