HomeДЕНЕШНАПолитикаЖерновски даде исказ во СЈО: Извештаите за Скопје 2014 се во вистински раце

Жерновски даде исказ во СЈО: Извештаите за Скопје 2014 се во вистински раце

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски два часа даваше исказ во Специјалното јавно обвинителство за мегапроектот „Скопје 2014“.

– Уште кога дојдов на функцијата ветив дека ќе се истражи сè за овој случај. И тогаш, но и денеска сметам дека граѓаните имаат право да ја знаат вистината за тоа каде и како се трошеа нивните пари. Во низата наоди на ревизорите беа откриени низа неправилности, но кога предметот дојде во ОЈО, а во нивните фиоки стоеја тие наоди. Добрата вест е што денеска сме тука и што овие ревизорски извештаи конечно се во вистински раце и можеме да очекуваме дека правдата ќе биде задоволена – изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по исказот што денеска го даде во Специјалното јавно обвинителство во врска со проектот „Скопје 2014“.

Тој изјави дека во СЈО ги доставил двата ревизорски извештаи, изработени на барање на општината, а во врска со контроверзниот проект. Во овие материјали, како што рече тој, точно е наведено за кави незаконски постапки станува збор околу проектот „Скопје 2014“. Жеровски нагласи дека проектот првично требаше да чини 80 милиони евра, но тој сега чини осум пати повеќе, односно 640 милиони евра.

фото:Плусинфо

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com