HomeДЕНЕШНАСветЖена избоде три лица во автобус во Брисел

Жена избоде три лица во автобус во Брисел

Жена попладнево со нож нападна и рани три лица во автобус во општината Укл на белгиската престолнина, потоа полицијата ја совладала, објави бирото на државниот обвинител на Брисел.

Јавниот телевизиски сервис RTBF се повикува на неименувани извори кои велат дека полицијата не верува оти станува збор за политички мотивиран напад, и оти смета дека се работи за лице со нарушено ментално здравје. Извори од истрагата таквата информација ја потврдиле и за радиодифузерот RTL.

Според официјалното соопштение на бриселската полиција, жената напаѓач била неутрализирана со истрели во раката во моментот кога се подготвувала да ја избоде и четвртата жртва. До пристигнувањето на полицајците, таа успеала да повреди тројца патници во автобусот, кои се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, се додава во соопштението.

Од обвинителството на Брисел потврдиле дека е малку веројатно инцидентот да е поврзан со тероризам и дека „ништо не укажува дека станува збор за напад со слични мотиви“. Оттаму, со овој случај се занимава канцеларијата на локалниот обвинител а не на сојузниот, кој инаку ги спроведува истрагите за случаите кои се поврзуваат со тероризам.

Брисел е под засилена состојба на подготвеност, како и Белгија, земја од којашто потекнуваат повеќето напаѓачи кои на 13-ти ноември 2015 година во кои беа убиени 130 луѓе и во Брисел од 22-ри март годинава која беа убиени 32 луѓе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com