HomeДЕНЕШНАСветЖак Ширак примен во болница

Жак Ширак примен во болница

Поради белодробна инфекција поранешниот француски претседател Жак Ширак бил примен во болница, соопшти неговото семејство. „Тој бепе хоспитализиран утрово во париската болница „Пити Салпетријер“ со цел да му биде пружен третман поради белодробна инфекција“, изјави зетот на Жак Ширак, кој исто така додаде дека тој таму ќе остане неколку дена.

84-Годишниот Ширак беше претседател на Франција од 1995 до 2007 година, а пред тоа два пати беше и премиер на Франција. Тој се смета за еден од попопуларните француски политичари од поновата историја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com