HomeАНТИСТРЕСХуманостЕФИС донираше картички за полесна комуникација за Дневниот центар за деца со аутизам

ЕФИС донираше картички за полесна комуникација за Дневниот центар за деца со аутизам

Француското интернационално училиште ja започна хуманитарната акција „Децата за децата“ преку која се набавени едукативни картички наменети за Дневниот центар за деца со аутизам. Овие картичките ја олеснуваат комуникацијата на децата кои имаат потешкотии со говорењето и се направени според PECS системот.

Donacija_decata-za-decata_EFIS

„Навистина сме среќни што имавме можност преку акцијата „Децата за децата“ да помогнеме на Дневниот центар за деца со аутизам. Со овие картички се надеваме дека ќе го олесниме секојдневието децата до Центарот, но исто така ќе се обидеме и со други активности да бидеме активни. Поради тоа нашите ученици направија посебна изложба за своите другарчиња“ изјави Жан Франсоа Ле Рок, Претседател на Управниот одбор на училиштето.

Дневниот центар за деца со аутизам започна со работа пред две години, има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години. Во него се вклучува и вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, како и развој на социјалните вештини преку преку едукативни работилници.

„Би сакале да искажеме благодарност до училиштето. За нас секој донација и секоја идеја е добредојдена. Во овој свет на посебности важно е да се најде човечкото во секој нас и да се помогне. Поддршка ни е потребна, бидејќи сакаме да помогнеме на што повеќе деца кои се соочуваат со проблеми со социјална инклузија“ изјави Бојана Стоилковски, заменик-координатор на Дневниот центар за деца со аутизам.

Француското интернационално училиште ќе продолжи со организација на хуманитарни настани за поголема инклузија на учениците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com