HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕУ ќе ја тужи Кина во Светската трговска организација

ЕУ ќе ја тужи Кина во Светската трговска организација

Европската унија започна спор против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради таксите и другите мерки за извоз на суровини. Откако слични мерки против Кина минатата недела покренаа и САД, ЕУ вчера најави постапка наведувајќи дека мерките на Кина ги кршат правилата на СТО, го деформираат пазарот и им даваат неправедна предност на кинеските компании.

„Неможеме да седиме на рацете и да гледаме како нашите производители и потрошувачи се оштетени со неправедната трговија“, изјави комесарката за трговија Сесилија Малмстром.

ЕУ наведува дека Кина вовела царини и квоти за 11 материјали кои ги извезува во ЕУ, меѓу кои графит, кобалт, хром, магнезиум, антимон и индиум кои заедно со уште 20 сировини се сметаат за „клучни за европската економија“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com