HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕУ ќе се затегне и сите ќе мора да воведат евро

ЕУ ќе се затегне и сите ќе мора да воведат евро

Европската Унија по изгласувањето на Брегзит од Велика Британија ќе направи напор сите земји членки да го воведат еврото како своја валута со што ќе се зацврсти монетарната политика, а предлогот е на Жан Клод Јункер. Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска иако користат евро се уште во платниот промет ги имаат и домашните валути бидејќи нивната економија не е подготвена за целосна посветеност на еврото.

Европските медиуми прогнозираат дека рресорот за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазари на капитал, со кој сега раководи британскиот еврокомесар Џонатан Хил, ќе го преземе потпретседателот на Еврокомисијата и комесар за еврото и социјален дијалог, Летонецот Владис Домбровскис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com