HomeДЕНЕШНАСветЕУ без членство, ниту договор со Турција, побара Курц

ЕУ без членство, ниту договор со Турција, побара Курц

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара прекин на пристапните преговори на Европската унија со Турција, оценувајќи дека и договорот за бегалците со таа земја се наоѓа пред крај.

„Договорот со Турција нема да биде одржлив“, изјави Курц.

Тој во изјава за државната телевизија ORF изјави дека ЕУ мора да ги исполни своите задачи и да остане независна од Турција, како и дека не смее да биде во ситуација Анкара да ја уценува.

Според него, крајот на преговорите меѓу Брисел и Анкара е корисен поради тоа, бидејќи Турција во последните години со развојот се повеќе се оддалечува од Европа, а посебно во последните седмици кога беше соочена со драматичен развој.

Курц смета дека, бидејќи Турција не ги исполнува потребните критериуми, не е можна визна либерализација , поради што договорот за бегалците ќе пропадне.

Истовремено тој се залага за воспоставување на „вистински контакти со Турција, надвор од можно членство во ЕУ“, како и засилена заштита на надворешните граници на ЕУ.

„Ако во тоа не е успееме ќе бидеме слаби и ранливи во разговорите со Турција“, порача Курц.

Тој во петок вечерта го повика амбасадорот на Турција во Австрија, Хасан Геис во Министерството за надворешни работи за да му врачи протестна нота за изјавата на неговиот турски колега, Мевлуит Чавушоглу дека Австрија е центар на радикален расизам, како и изјавата на Министерот за европски прашања, Омер Челик кој австрискиот канцелар, Кристијан Керн го спореди со екстремни десничари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com