HomeДЕНЕШНАРегионЕУ бара да се избрише смртната казна од Уставот на Република Српска

ЕУ бара да се избрише смртната казна од Уставот на Република Српска

Укинувањето на смртната казна во Босна и Херцеговина е една од главните цели на политиката на човекови права на ЕУ и таа обврска се однесува на секоја земја која се стреми кон членство во ЕУ, изјави портпаролката на Делегацијата на ЕУ во Сараево и на Службата на специјалниот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Јамила Миловиќ Халиловиќ, за весникот „Независне новине“ од Бања Лука.

– Ги повикуваме босанските власти, особено во Република Српска, каде во Уставот се уште фигурира смртната казна за најтешките кривични дела, да обезбедат целосно укинување на смртната казна, подвлече таа.

Портпаролката додаде дека ЕУ повторно ја истакнува неопходноста од преземање на процедурите за промени во Уставот на Република Српска, како и дека знаат дека Босна и Херцеговина уште во 1997 година ја укинала смртната казна и дека Кривичниот кодекс на Република Српска не предвидува таква казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com