HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕУРО 2016: Хрватите „олеснети“ за 100 илјади евра

ЕУРО 2016: Хрватите „олеснети“ за 100 илјади евра

Фудбалската федерација на Хрватска доби парична казна од 100 илјади евра поради инцидентите предизвикани од хрватските навивачи на мечот со Чешка, одлучи УЕФА.

Фрлањето факли и топовски удари веќе трет пат се на удар на репрезентацијата која повторно се „извади“ со парично казнување. Оваа одлука воедно носи и условна казна, па доколку навивачите го повторат истото, казната ќе се зголеми на 150 илјади евра. Хрватите добија и предупредување да не продаваат влезници на навивачи за коишто се знае дека се проблематични.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com