HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган: Џихадистите ќе горат во пеколот

Ердоган: Џихадистите ќе горат во пеколот

Турскиот претседател Реџер Таип Ердоган порача дека борците на таканаречената Исламска Држава ќе горат во пеколот за сторените дела. Убеден дека Исламската Држава најверојатно е одговорна за нападот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во кој животот го загубија 44 лица, додека 250 беа повредени, Ердоган после најголемата муслиманска молитва изјави дека екстремистите ги изведуваат своите дела во име на исламот но дека тоа нема никаква поврзаност со религијата.

„Тие немаат никаква врска со Исламот, нивното место е во пеколот“, порача турскиот претседател. Ердоган потсети дека во неодамнешниот напад на аердромот жртви се невини лица кои тргнале на пат несвесни дека ги чека смрт и додаде дека никој го нема правото да усмртува луѓе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com