HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ во државата

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ во државата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека обидот за пуч на „терористичката група“ на имамот Фетулах Ѓулен неуспеа поради волјата на народот.

Обраќајќи им се на приврзаниците за време на церемонија во Истанбул за загинатите при обидот за државен удар, тој рече: „Ќе го уништиме вирусот во сите државни институции, кој доведе до обидот за преврат“.

Ердоган најави и дека ќе продолжат апсењата на тие кои ги „уништиле“ вооружените сили. Тој повторно ги повика граѓаните и неговите приврзаници да останат на плоштадите.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com