HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган посрамотен во Америка, телохранителите пред тепачка

Ердоган посрамотен во Америка, телохранителите пред тепачка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е посрамотен во САД откако првично му беше забрането да говори на погребот на боксерската легенда Мохамед Али кој сакал да го искористи за пропагандни цели. Од семејството на Али соопштуваат дека немало доволно време за да се обраќаат странски гости меѓу кои и Ердоган, па затоа тој ја скрати посетата на Кентаки и САД без поголемо објаснување од неговиот кабинет.

Уште една црна дамка од оваа посета е и турканицата меѓу неговите телохранители кои насекаде ги бие лош глас дека се агресивни и не ги почитуваат туѓите правила, па за малку беше избегната тепачка со американското обезбедување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com