HomeДЕНЕШНАПолитикаЕрдоган побара – Дали ќе се затвораат „ѓуленистичките“ организации во Македонија?

Ердоган побара – Дали ќе се затвораат „ѓуленистичките“ организации во Македонија?

Откако во јавноста се рашири информацијата за можна поврзаност на образовни институции во Македонија со имамот Ѓулен, се појави и шпекулација дека затвора училиштето Јахија Кемал. Денеска министерот за надворешни работи, Никола Поповски беше прашан дали македонската Влада донесе одлука да го прифати барањето на Турција и да ги ограничи активностите на Фетулах Ѓулен во Македонија.

– Нашиот став беше и ќе биде дека Македонија единствено ги поддржува демократски избраните власти во Турција и во тој поглед ќе соработува со Владата во Анкара за остварување на нивните цели, секако во рамки на нашето законодавство и нашите интереси. Во поглед на прашањето за одлуки на Владата, да, Владата има донесено одлуки, сите одлуки кои би ги носеле и ќе ги носиме се во согласност со нашето законодавство, нашите национални интереси и тоа било и ќе биде, рече министерот Поповски по денешната средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Од Владата засега ниту ја демантираат ниту ја потврдуваат информацијата, а во дел од провладините медиуми се објавува дека Владата на последната седница усвоила мерки за ограничување на активностите на Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во земјава. Медиумите блиски до власта го посочуваат училиштето Јахја Кемал, како едно од институциите за кои е донесена одлука за затворање. Училиштето ја негира ваквата информација.

По неуспешниот воен удар во Турција, Државната новинска агенција – Анадолија, објави дека постои шема на организацијата ФЕТО на Фејтула Ѓулен во сите балкански земји, меѓу кои и Македонија. Според Анадолија, ФЕТО е терористичка организација која е предводена од политичкиот противник на претседателот Реџеп Ердоган, а во која се вклучени стотина училишта, туристички агенции, невладини организации, медиуми.

Во неколку градови во Македонија, според новинската агенција, има фирми од образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот кои се поврзани со ФЕТО. Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Потоа неделникот „Заман Македонија“, како и организацијата „Седеф“ која организира курсеви на турски јазик. Меѓу фирмите на црната листа се туристичката агенција „Башак“, компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, кои се наоѓаат во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com