HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган му се извини на Путин за соборувањето на авионот. Ќе направи се за да добие прошка од Русија

Ердоган му се извини на Путин за соборувањето на авионот. Ќе направи се за да добие прошка од Русија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во порака до рускиот колега, Владимир Путин му се извинил за соборувањето на рускиот бомбардер и убиството на пилотот ланскиот ноември, крај сириско-турската граница – пишуваат руските медиуми повикувајќи се на извори од Кремљ

Извинувањето на Анкара за соборувањето на рускиот авион, за кој турската страна тврди дека е урнат во турското воздушно пространство, а Москва дека била поставена заседа над сириската територија, беше едно од главните барања на Кремљ за нормализирање на односите.

„Турскиот челник изрази искрено жалење на семејството на рускиот пилот кој е убиен и се извини“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган напишал дека е подготвен да стори се што е возможно за обновување на традиционално пријателските односи меѓу Турција и Русија.
erdogan putin
Цитати од текстот на писмото од Ердоган се објавени на страницата на Кремљ во кои се наведува дека турскиот премиер наведува дека Анкара „никогаш не сакала ниту имала намера да урне руски воен авион“. Се порачува, исто така, дека „Турција ја смета Русија за пријател и стратешки партнер“.

Пред две седмици Ердоган, по повод Денот на Русија, првпат по седум месеци му испрати писмо на Путин со надеж за обновување на односите меѓу двете земји. Писмо со слична содржина тогаш упати и новиот турски премиер, Бинали Јилдерим до рускиот колега Дмитриј Медведев.

Односите меѓу Русија и Турција беа нагло прекинати и минуваат низ најдлабоката криза во билатералната сфера откако на 24-ти ноември 2015 година турските ловци „F-16“ на сириско-турската граница соборија руски бомбардер „Су-24М“. Москва тврди дека рускиот авион бил соборен над сириска територија кад што се урна и дека бил сочекан во заседа, додека Анкара тврди дека го нарушил турскиот воздушен простор.

Потоа двете страни се обвинуваа за поткопување на меѓусебната доверба, особено во ситуацијата кога двете земји ги поддржуваат различните страни во сирискиот конфликт. Москва притоа ја обвини Турција дека ги поддржува екстремните терористички групи во Сирија и воведе економски санкции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com