HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган да пази со обвинувањата, порачаа Американците

Ердоган да пази со обвинувањата, порачаа Американците

Државниот секретар Џон Кери посочи дека турскиот претседател Ердоган треба да внимава со обвинувањата кои ги насочува против САД за наводна вмешаност на ЦИА во поттикнување и помош на пучистите кои се обидоа да изведат воен удар во Турција.

Администрацијата на Обама по телефонската конференција со турските претставници соопшти дека се против воен преврат кој нема да донесе никакво решенија и со целосна поддршка стојат зад демократски избраната власт во Турција.

На иста релација е и Џон Кери кој на неговиот колега Чавушоглу сериозно му порача да не ги нарушува односите меѓу Вашингтон и Анкара како две пријателски земји кои имаат заеднички интерес во борбата со тероризмот. Кери посочил и дека Америка би била спремна да ја поддржи турската власт како сојузник ако пучистите имале поголем успех.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com