HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган ги отфрли обвиненијата околу тортура над пучистите

Ердоган ги отфрли обвиненијата околу тортура над пучистите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги отфрли критиките дека некои од уапсените лица поради обидот за воен удар биле изложени на тортура. Ердоган изјави дека Турција има „нулта толеранција за тортурата“ и го обвини Ал да го игнорира насилството кое го направија пучистите вечерта помеѓу 14 и 15 јуни.

Обраќајќи се кон претставниците на странските компании кои вложуваат во Турција, тој ги повика претставниците на Ал да ги посетат местата кои ги нападнале пучистите и сами да се уверат околу тоа кој што сторил. Турскиот претседател истакна дека некои од уапсените лица можеби биле претепани за време на обидот за пуч, додека провладините сили се обидувале да го спречат пучот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com