HomeРЕФЛЕКТОРФилмЕмотивно збогување на Љубиша Самарџиќ од својот колега Бата Живојиновиќ

Емотивно збогување на Љубиша Самарџиќ од својот колега Бата Живојиновиќ

Легендарниот актер Љубиша Самарџиќ, кој со Бата Живојиновиќ играше во низа големи филмови, се збогуваше од починатиот колега на емотивен начин преку порака, како и преку секвенцата од филмот „Валтер брани Сараево“.

„Пред малку, кога дознав дека нашиот почитуван колега Бата Живојиновиќ починал, едноставно занемев! Сеќавањата не бледеат! Тој остави голем белег со својата неверојатна дарба во многу наши заеднички филмови. Тој остави печат со своите улоги. Тој имаше се што е потребно за да се биде актер, изобилуваше со персоналност и раскошна дарба со која ги воодушевуваше гледачите. Нека му е лесна земјата, сите чекориме кон тој пат“, напиша Љубиша Самарџиќ

Специјален дел од оваа негова последна порака кон својот починат колега, беше сеќавањето на една од незаборавните сцени на Самарџиќ и Бата Живовиновиќ, односно последната секвенца од култниот филм „Валтер брани Сараево“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com