HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕмбаргото добредојдено за руската економија, Русија стана најголем извозник на пченица

Ембаргото добредојдено за руската економија, Русија стана најголем извозник на пченица

Ембаргото и дојде добредојдено на Русија. Заедно со големите субвенции и слабата рубља, некои земјоделски гранки почнале да носат поголем профит отколку производството на нафта и продажба на оружје пишува Блумберг.

Државата активно го стимулира развојот на руски земјоделски компании. Конкретно, претприемачката група „Русагро“ минатата година добиле субвенции во висина од околу 41 милион евра. Како резултат на тоа, неговите показатели и нето добивка биле поголеми во однос на таквите нафтени гиганти како што е „Лукоил“.

Успехот на руските земјоделци објаснува дека со тоа владата во последно време планира да ја намали зависноста на Русија од надворешниот пазар. Освен тоа, значаен поттик на индустријата дал и судирот на Москва со Анкара и делумната забрана на увоз на турски производи, која станала „благослов за земјоделските произведувачи“, наведува Блумберг.
rusko embargo hrana
Главно достигнување на руските производни стратегии се рекордните показатели за продажба на житарици. Русија ги надмина САД и стана најголем извозник на пченица. Овој значаен настан е следен од високи приноси на пченка, ориз, соја и хелјда. Вишокот на жито заедно со слабата рубља довеле до тоа приходот од извоз на храна да биде повисок од продажбата на оружје.

Освен тоа, со зголемениот извоз значајно се намалил увозот. Од 2013 година Русија го намалила купувањето на странски прехранбени производи за околу 40 отсто. Русија придава и огромен значај на намалување на зависноста од странски производи и успешно ја претвора наизглед умирачката гранка во важен извор на економски раст и стабилно вработување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com