HomeДЕНЕШНАСветЕлитен снајперист уби четири џихадисти со еден куршум

Елитен снајперист уби четири џихадисти со еден куршум

Елитен снајперист на британската специјална единица САС елиминирал четворица џихадисти на ИСИС со само еден истрел од пушката и тоа на далечина од 1.3 километри. Во Сирија ИСИС планирале да егзекутираат 12 заробеници со пламенофрлач и видеото да го објават на социјалните мрежи како дел од пропагандата.

Снајперистот речиси како по филмско сценарио испукал во клучен момент и го погодил лидерот на џихадистите кој на грбот носел боца со плин, па од експлозијата загинале сите припадници на ИСИС околу него. Потоа специјалци на САД и Велика Британија ги спасиле заробениците и ги одвеле на сигурна локација.

Истрелот на снајперистот на САС кој е препорачан за армиско одликување сигурно ќе влезе во историјата како еднен од најсмртоносните и можеби ќе добие филмска верзија во Холивудски акционен филм.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com