HomeДЕНЕШНАРегионЕлвис Кељменди уапсен во Македонија, чека екстрадиција

Елвис Кељменди уапсен во Македонија, чека екстрадиција

Елвис, синот на Насер Кељменди, кој отслужува затворска казна на Косово, уапсен е на основа на меѓународна потерница на црногорскиот Интерпол, пишуваат медиумите во Подгорица. Како што наведуваат медиумите, Кељменди е уапсен вчера во Македонија, а Црна Гора го бара за издржување казна затвор во траење од 9 месеци поради кривично дело злоупотреба на службена позиција преку поттикнување.

Тој имено, во периодот од 24-ти до 26-ти мај 2010. година, ги поттикнал Светозар Поповиќ и Ксенија Митровиќ, службеници во Филијалата за управни внатрешни работи во Котор, Црна Гора, да ги пречекорат своите службени овластувања, да му издадат црногорски лични документи и да го запишат во регистарот на црногорски државјани, што тие и го направиле. Поради тоа службениците во црногорското МВР се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба. На Кељменди во Македонија му е одреден екстрадиционен притвор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com