HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкс словачкиот претседател Шустер почесен доктор во Македонија

Екс словачкиот претседател Шустер почесен доктор во Македонија

Поранешниот претседател на Република Словачка Рудолф Шустер ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Церемонијата на врачување на титулата doctor honoris causa ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола.

Словачката амбасада соопшти дека Шустер ќе престојува во Македонија до 13 септември кога ќе се сретне и со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Рудолф Шустер е последниот шеф на странска држава со кој покојниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, официјално се сретна во февруари 2004 година во Скопје, само две недели пред неговата трагична смрт.

suster-trajkvovski

Тој беше втор претседател на независна Словачка, кој својот мандат го извршуваше од 1999 до 2004 година, кога земјата стана членка на ЕУ и НАТО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com