HomeДЕНЕШНАСветЕкс агент на ЦИА: Трамп е регрутиран од Путин

Екс агент на ЦИА: Трамп е регрутиран од Путин

Еван Мек Малин, поранешниот агент на ЦИА, анализира дека претседателскиот кандидат Доналд Трамп е регрутиран од страна на Владимир Путин со цел да работи за руски интереси. Ваквиот заклучок го добил по фалбите кои Трамп ги искажа за лидерството на Путин и вети затоплување на односите со Русија која може да биде важен партнер за САД.

mcmullin

„Бизнисот на Доналд Трамп зависи од инвестициите на руските олигарси, Путин како екс член на КГБ можел многу лесно да влијае врз него и да го уценува. Сомнително е што генералот Мајкл Флин, еден од клучните луѓе во штабот на Трамп е вработен како аналитичар за Russia Today, а неговиот екс шеф на кампањата Пол Манафорт мораше да се повлече откако се дозна дека бил поврзан со Јанукович, екс претседателот на Украина со про-руски ставови“ анализира Мек Малин.

Според него Путин е непријател на САД и кандидат како Трамп не може да ги спроведе американските интереси.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com