HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкстремни критики за екстерното тестирање

Екстремни критики за екстерното тестирање

Јавноста повторно се „забавува“ со небулозните прашања од тестовите за екстерно тестирање на кои одговараат македонските ученици и повторно се активираат дежурните критичари на проектот кој го нарекуваат непотребен, тежок за децата и без јасни резултати и ефекти.

pista lutfiu

Од министерството за образование посочуваат дека немаат намера да го укинат екстерното тестирање кое е еден од најоспоруваните проекти на оваа влада, но наместо тоа ќе го подобруваат и надградуваат со цел да се провери знаењето на учениците и точноста на професорите при оценувањето.

Според министерот Љутфиу досегашните технички проблеми се надминати и системот добро функционира. Од друга страна родителите се жалат за огромниот притисок низ кој поминуваат нивните деца во подготвување на испитите и за целиот стрес кој не им носи никакво добро, но засега нема најави дека нешто ќе се промени и олесни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com