HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија во дворот на косовската радио телевизија

Експлозија во дворот на косовската радио телевизија

Во дворот од Радио-телевизија Косово (РТК) во Приштина синоќа била фрлена рачна бомба, соопшти денеска косовската полиција, а одговорноста за нападот ја презедоа активисти кои се противат на потпишувањето на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.
kosovo
– Има мали оштетувања на предавателите во дворот од РТК, но нема жртви и емитирањето на програмата не беше прекинато – изјави неименуван полициски службеник, пренесе агенцијата „Танјуг“. За нападот со рачна бомба врз РТК одговорноста ја презедоа активистите кои живеат во близина на границата со Црна Гора, се наведува во писмото кое денеска го објавија косовските медиуми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com