HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Експлозивните“ The Prodigy вечерва го затвораат „Ohrid Calling“

„Експлозивните“ The Prodigy вечерва го затвораат „Ohrid Calling“

Со настапот на светската музичка атракција Prodigy, вечерва ќе заврши првото издание на Ohrid Calling. По синоќешниот настап во Античкиот театар на светски познатиот џез-гитарист Ал Ди Меола, следува долгоочекуваниот спектакл на стадионот „Билјанини извори“.

За оваа британска група е карактеристичен посебниот електричен звук и „експлозивноста“ која ја креираат на настапите во живо. Во својата дискографија имаат 4 албуми, две компилации и 19 синглови, од кои некои песни долг период биле на првите места на британските топ листи.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com