HomeДЕНЕШНАСветЕко-акција во Германија: Истребување на возилата со фосилни горива до 2030 година

Еко-акција во Германија: Истребување на возилата со фосилни горива до 2030 година

Откако неодамна Париз забрани влез во центарот на градот за возила од 1997 година и постари, и Германија се приклучува кон целта на намалување на вкупниот јаглерод диоксид во атмосферата преку истребување на сите возила со фосилни горива до 2030 година. Воведувањето на поголем број електрични автомобили во сообраќајот би придонело емисијата на CO2 уште во 2020 година да се намали за 40%.

Со овој предлог се изјасни заменик министерот за стопанство на Германија кој сака да ја помести границата од 2050 на 2030 година бидејќи во Германија во просек новите автомобили се во употреба 20 години. Сегашната структура во оваа земја покажува дека електричните возила се опфатени во 0,6% од пазарот, односно регистрирани се 130.000 хибридни и 25.000 електрични возила, наспроти околу 30 милиони бензински и 14,5 милиони дизел автомобили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com