HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице го загуби животот при сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје

Едно лице го загуби животот при сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје

Маж загина во сообраќајна несреќа која утринава околу 11 часот се случила на автопатот Велес-Скопје, потврдуваат од МВР за Курир.

Според информациите до кои e дојдeно, несреќата се случила кај местото Ајдучка Чешма, кога автомобил „БМВ“ со скопски регистерски ознаки излетал од високиот мост и паднал во провалија.

Мажот кој загина на лице место, како што дознава Курир, во автомобилот бил сам.

Неговиот идентитет се уште не е познат, а полицијата се наоѓа на местото на несреќата и врши увид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com