HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕдер: Роналдо ми рече дека јас ќе постигнам гол за победа

Едер: Роналдо ми рече дека јас ќе постигнам гол за победа

Кристијано Роналдо поради повреда уште во раната фаза од средбата мораше да биде повлечен од игра, па од клупата за резерви делеше совети до своите соиграчи во поголемиот дел од натпреварот.

Но и без својата најголема ѕвезда, Португалија успеа да стигне до историска победа на Европските првенства благодарејќи на голот на Едер во 110. минута.

Херојот на „Селесао“ по крајот на натпреварот откри што му кажал капитенот Кристијано Роналдо пред да влезе во игра.

„Роналдо ми влеа самодоверба уште при влегувањето во игра. Ми рече дека јас ќе бидам стрелец, дека ќе го решам финалето. Ова е навистина фантастично. Стигнавме на европскиот трон. Но, погодокот е дело на сите фудбалери од селекцијата. Сите бевме вечерва неверојатни. Ја победивме Франција среде Париз“, изјави Едер по триумфот во големото финале на ЕВРО 2016.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com