HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕден од најдобрите дефанзивци на ЕВРО 2016 ќе го засили Монако!

Еден од најдобрите дефанзивци на ЕВРО 2016 ќе го засили Монако!

Полскиот дефанзивец го потврди својот трансфер во Монако. Во интервјуто за полските медиуми Камил Гилк, го најави своето заминување во редовите на Монако. „Понудата од Монако е најдобрата која ја добив, таа е одлична и за мене и за Торино. Имаше понуда и од Бешикташ, но не му одговараше на Торино, па не сакав да влегувам во преговори со нив“, изјави Гилк.

„Сега сум концентриран само на Европското првенство, после тоа ќе имам медицински прегледи, а по нив ми следи одмор“, додаде дефанзивецот. Се смета дека Торино ќе добие околу 15 милиони евра за овој трансфер. Камил Гилк во Торино ја носеше и капитенската лента.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com