HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕден од најголемите светски таленти откри каде сака да ја продолжи кариерата!

Еден од најголемите светски таленти откри каде сака да ја продолжи кариерата!

Пристигна Игуаин, Јуве е сега доста сериозна екипа, а со самото тоа, се повеќе фудбалери сакаат да се преселат во Торино. Се уште е неизвесна судбината на Погба, денес повторно се појавија информација дека неговиот трансфер во Јунајтед е „завршена работа“, но целата приказна околу враќањето на Французинот на „Олд Трафорд“ добива примеси на латиноамериканска теленовела, па до официјалното сооптение од Манчестер Јунајтед секоја информација треба да се прима со доза на резерва.

Како и да е, Јуве би можел да ангажира уште еден одличен фудбалер, неповрзано со продажбата на Пол Погба. Станува збор за младиот Бразилец Габриел Барбоса, кој е на „мета“ на најголемите европски клубови.

barbosa

Популарниот „Габигол“ со партиите во дресот на Сантос ги воодушеви скаутите на најголемите гиганти од „Стариот континент“, а според зборовите на неговиот агент тој сака да ј продолжи својата кариера во Јувентус. „Габигол сака да оди во Јувентус“, вели Вагнер Рибериро.

Иако имаше приказни дека разни инвестициони фондови можат да го загрозат неговото заминување во Европа, сепак претседателот на Сантос Модесто Рома, истакна дека фудбалерот ќе има право сам да си одлучи за сопствената иднина. Сега се останува на „Старата дама“, а во наредните денови ќе видиме дали на застрашувачкиот напад Игуаин-Дибала ќе му се приклучи и младиот Бразилец.

Неодамна во клубот од Торино пристигна и Марко Пјаца, а пристигнувањето на „Габигол“ во клубот би значело дека повеќе нема да има место за Симеоне Заза, односно дека Јувентус со овој трансфер би ја имал можеби и најдобрата ротација во нападот на целиот континент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com