HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕден од најбараните пејачи на денешницата Џон Њуман, ќе одржи концерт во Скопје

Еден од најбараните пејачи на денешницата Џон Њуман, ќе одржи концерт во Скопје

Еден од најбараните пејачи на денешницата големата англиска ѕвезда Џон Њуман, на 21 јуни за прв пат ќе настапи во ВИП Арена во „Борис Трајковски“ во Скопје. Едно од најпопуларните музички имиња на денешницата, Џон Њуман (John Newman), постојано се наоѓа на врвот на светските топ листи, а во Скопје доаѓа на крилја со новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо.

Дваесетишест годишниот пејач е исклучителна поп ѕвезда, самиот ја пишува, пее, аранжира, свири и продуцира својата музика, но и ги режира своите видео спотови, одлучува за сценографијата на сцената каде што настапува и дизајнира сопствена облека за себе и својот бенд. Тој е еден од најпопуларните музичари на новата генерација, кој за кратко време од нежно момче од Северен Јоркшир, стана изведувач кој снима во студиото на Мајкл Џексон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com