HomeАНТИСТРЕСШтосноЕгипетска телевизија ги суспендираше водителките додека не се ослободат од вишкот килограми

Египетска телевизија ги суспендираше водителките додека не се ослободат од вишкот килограми

Додека не се ослободат од вишкот на килограми, водителките на Египетската државна телевизија ќе ги извршуваат работните задачи зад камерата, стои во одлуката за суспензија на оваа медиумска куќа. Директорката на Египетската државна телевизија Сафа Хегази изјави дека оваа одлука ќе стапи на сила на шест до осум водителки.

Египетската државна телевизија во последно време тешко го дрќи чекорот со приватните сателитски канали и нивниот помодерен имиџ, а одлуката за суспензија на „подебелите“ водителки наиде на критики на групата за заштита на човековите права, иако на социјалните мрежи имаше и пофалби за оваа одлука.

Хегази изјави дека одлуката за суспензија „е во рамките на планот за развој на телевизијата, нејзината форма и содржина“ и дека водителките можат да работат во продукција додека не го загубат вишокот на килограми. „Кога ќе ослабнат тие слободно ќе можат повторно да се вратат пред камерите“, изјави директорката на оваа телевизија и ги отфрли критиките дека оваа одлука е сексистичка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com