HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕВРО 2016: Италија поразена со сопствената игра

ЕВРО 2016: Италија поразена со сопствената игра

Највозбудливиот меч на ова првенство. Германија е третиот полуфиналист на ЕВРО 2016, откако по подобро изведување пенали ја совлада Италија со 6-5. Мечот заврши 1-1 во регуларниот тек и по 120-та минута. Вистинска класика е кога Германија и Италија ќе одиграат 120 минути, а потоа ќе мораат да изведуваат и пенали за да се одлучи патникот во полуфиналето на Европското првенство.

Инсиње беше прв реализатор за Италија. Возврати Тони Крос. Антонио Конте во 120-та минута го внесе во игра Симоне Заза за да изведува пенал, а тој ја испрати топката блиску до рефлекторите, високо над голот. Но и Џанлуиџи Буфон го одбрани пеналот на Томас Милер.

Барѕалји успеа да погоди, а Озил ја погоди стативата и Италијанците дојдоа до предност. Но, потоа Грацијано Пеле го промаши целиот гол, а Џулијан Дракслер израмни на 2-2. Петта серија. Мануел Нојер го одбрани ударот на Леонардо Бонучи, а Бастијан Швајнштајгер го промаши целиот гол. Џакерини успеа да ја погоди мрежата, но исто така и Матс Хумелс, за 3-3. Пароло постигна погодок и Кимик, за 4-4.

Де Шилјо со помош на гредата ја уфрли топката во мрежата, но и Џером Боатенг (5-5). А потоа Нојер го одбрани ударот на Дармијан. Триумфот на Германците беше во нозете на Хектор. Тој го надмудри Буфон и светскиот првак се пласира во полуфиналето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com